Даро Компани, е основана во 2001 година како приватно претпријатие за сопствен превоз и превозни услуги.
Од тогаш оваа веќе респектабилна компанија се труди да обезбеди што поширок спектар на туристички услуги, воедно наменет за уште поголемиот број на потенцијални корисници.
Туристичката агенција " ДАРО КОМПАНИ", е основана од тим со повеќегодишно искуство и има лиценца „А“ за вршење на туристичка дејност, издадена од Министерството за Економија на Република Северна Македонија.
Ние сме членки на СКТМ (Стопанска Комора за Туризам на Македонија) и АТАМ (Асоцијација на туристичките агенции на Македонија.)
Користиме системи за навигација и следење на возилата во реално време.
Нудиме најдобар баланс помеѓу високиот квалитет на услугата и цената.
Нашиот тим од возачи и агенти е секогаш љубезен и подготвен за помош.
Добредојдовте во ДАРО КОМПАНИ, вашиот доверлив партнер за незаборавни авантури. Без разлика дали сонувате за сончевите плажи на Медитеранот, возбудливи европски метрополи или организирани групни тури, ние сме тука да го претвориме секое ваше патување во приказна вредна за раскажување.
Ние не нудиме само дестинации, нудиме комплетно искуство без стрес. Еве што не прави различни
- Високотуристички автобуси: Располагаме со модерен возен парк. Нашите автобуси се опремени со клима уреди, удобни седишта, бесплатен Wi-Fi и аудио-видео опрема за вашето патување да биде максимално пријатно.
- Професионални возачи: Вашата безбедност е наш приоритет. Нашите шофери се искусни професионалци со долгогодишно искуство на меѓународни патишта, секогаш љубезни и подготвени да ве однесат до посакуваната точка.
- Дестинации по ваша желба: Вие замислете, ние организираме! Одиме секаде каде што водат патиштата – од локални излети до далечни европски дестинации.
- Персонализирана услуга: Без разлика дали сте индивидуални патници, училишна група или компанија која бара тим-билдинг, креираме понуди кои одговараат на вашиот буџет и потреби.

Комплетни аранжмани со вклучен превоз, сместување и водич.

Најм на високотуристички возила за ваши приватни или деловни потреби.

Брз и сигурен превоз до аеродроми, хотели и настани.
Туристичката агенција ДАРО КОМПАНИ, лиценца А бр. 680, тел. 071-236-349, во соработка со Скопската православна епархија и со благослов на Неговото Блаженство, Архиепископот г.г. Стефан, организира поклоничко патување во Елбасан, Берат, Арденица и Аполонија.
САБОТА 14.03.2026. Состанок со групата во 01.30 часот на паркингот пред хотелот Holiday Inn-Дрводекор во Скопје, па заминување кон Струга и граничниот премин Ќафасан. Пристигнувањето во Елбасан е предвидено околу 08.00 часот. Најпрвин ќе се посетат манастирот на Свети Јован Владимир во Шијон и поклонување на моштите од светителот. По ова следи заминување за Берат, каде ќе се посетат храмот Успение на Пресвета Богородица и Музејот на Онуфри каде се наоѓаат моштите на Свети Горазд и Свети Ангелариј, а потоа историските делови на градод Горица и Мангалеми. По ова селди заминување за Драч каде ќе се ноќева.
НЕДЕЛА 15.03.2024. Будење и заминување кон манастирот Раѓање на Пресвета Богородица-Арденица каде ќе се учествува на литургијата, по литургијата се заминува кон манастирот посветен на Свети Козам Етолски. По ова посета се заминува кон Аполонија и посета на манастирот Успение на Пресвета Богородица. Во попладневните часови следи заминување кон Македонија.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 5.500 денари. Во оваа цена се вклучени: патничко осигурување, автобуски превоз, туристички водич, едно ноќевање БЕЗ ПОЈАДОК, влезници за Берат и за Аполонија.
Последен рок за пријавување е 09 МАРТ 2026 година. Личните податоци може да се испратат и по интернет: име и презиме, матичен број, број на пасош МОЖЕ ДА СЕ ПАТУВА И СО ЛИЧНА КАРТА
За сите информации може да се обратите на проф. Момчило Павловиќ лиценциран водич, лиценца број 125, секој ден по 13.00 часот, на тел. 070-582-588 или на e-mail: pavlovicm1@yahoo.com или на Viber, WhatsApp и на Messenger
ЖЕНИТЕ ПОКЛОНИЦИ ДА ПОНЕСАТ СО СЕБЕ ДОЛГО ЗДОЛНИШТЕ ЗА ВО МАНАСТИРИТЕ!
За реализација на аранжманот потребно е минимум од 40 патника.
Жиро сметка: ДППУ Даро Компани ДООЕЛ - Куманово, Централна Кооперативна Банка 320100004091752
Цел на дознака: Патување во Албанија
20-22.02.2026
ПОЧИТУВАНИ, СИГУРНА РЕАЛИЗАЦИЈА!!!!
ПОВТОРНО ДОБИВМЕ БЛАГОСЛОВ ЗА НОЌЕВАЊЕ ВО КОНАЦИТЕ НА СВЕТИ НЕКТАРИЈ ЕГИНСКИ!!!!
ТУРИСТИЧКАТА АГЕНЦИЈА ДАРО КОМПАНИ ОРГАНИЗИРА ПОКЛОНИЧКО ПАТУВАЊЕ ВО ЧЕСТ НА СВЕТИ НЕКТАРИЈ ЕГИНСКИ И СВЕТИ ЕФРЕМ НОВИ - ГРЦИЈА ОД 20 ДО 22 ФЕВРУАРИ 2026 ГОДИНА
Туристичката агенција ДАРО КОМПАНИ, лиценца А бр. 680, тел. 070-236-349, во соработка со Скопската православна епархија и со благослов на Негово Блаженство, Архиепископот г.г. Стефан, организира поклоничко патување во чест на свети Нектариј Егински и свети Ефрем Нови - ГРЦИЈА.
1 ДЕН (20.02.2026 петок): Состанок со групата во 17:00 часот на паркингот пред Holiday Inn-Дрводекор во Скопје, па заминување кон Гевгелија и кон граничниот премин Богородица-Евзони (ноќно возење).
2 ДЕН (21.02.2026 сабота): Пристигнувањето во Неа Макри во манастирот Свето Благовештение е предвидено во утринските часови и поклонување на моштите од свети Ефрем Нови. Потоа патот продолжува кон Пиреа и островот Егина, следи сместување во манастирските конаци на Свети Нектариј и ноќевање.
3 ДЕН (22.02.2026 недела): Будење, и заминување на литургија, а потоа поклониците ќе можат да се поклонат и да се помолат пред моштите од светителот. По оваа посета следи враќање во Скопје, а пристигнувањето во Скопје е предвидено во вечерните часови.
ЦЕНА НА АРАНЖМАНОТ: 7.000 денари.
Во оваа цена се вклучени: патничко осигурување ДО 64 ГОДИНИ, НАД 64 ГОДИНИ СЕ ДОПЛАЌА РАЗЛИКАТА, автобуски превоз, туристички водич, превоз со траекти Пиреја - Егина - Пиреја, платена такса за во пристаниште и сместување во конакот на свети Нектариј Егински.
Последен рок за пријавување е 16 ФЕВРУАРИ 2026 година. Личните податоци може да се испратат и по интернет: име и презиме, матичен број, број на пасош, контакт телефон и место на живеење.
За сите информации може да се обратите на проф. Момчило Павловиќ лиценциран водич, лиценца број 125, секој ден по 13.00 часот, на тел. 070.582.588 или на e-mail: pavlovicm1@yahoo.com Viber, WhatsApp или на Facebook Momcilo Pavlovic
ЖЕНИТЕ ПОКЛОНИЦИ ДА ПОНЕСАТ СО СЕБЕ ДОЛГО ЗДОЛНИШТЕ ЗА ВО МАНАСТИРОТ
СЕКОЈ ПОКЛОНИК СО СЕБЕ ДА ПОНЕСЕ ЧАРШАВИ И НАВЛАКА ЗА ПЕРНИЦА!!!!!
За реализација на аранжманот потребно е минимум од 40 патника.
Жиро сметка: ДППУ Даро Компани ДООЕЛ - Куманово, Централна Кооперативна Банка 320100004091752
ЦЕЛ НА ДОЗНАКА: Превоз за Егина
20-22.02.2026